ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

„Отворен Балкан“, илјадници места за работа во Србија!

„Отворен Балкан“, илјадници места за работа во Србија!

Србија очекува илјадници работници од Македонија и Албанија, со кои ќе го пополни недостигот на кадри на домашниот пазар на труд, пренесуваат српските медиуми. العاب قمار مجانا Преку можноста за издавање работни дозволи признати во трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, во Белград прогнозираат дека илјадници занаетчии, сезонски работници, но и медицински персонал, ќе ја изберат Србија поради подобри услови и повисока плата.

„Мислам дека граѓаните на Северна Македонија и Албанија во рамките на „Отворен Балкан“ ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас, бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност за конечно да ги пополнат позициите за кои подолго време не можат да најдат соодветна работна сила…“, изјави Небојша Атанацковиќ – Унија на работодавачи на Србија.

На српските фирми им недостигаат сите профили во градежништвото, заварувачи, потоа работници во угостителството и туризмот и сезонски работници за берење овошје.

Се очекува наскоро да стапи во сила единствениот идентификациски број за државјаните од Македонија, Албанија и Србија, со кој тие ќе имаат пристап на пазарот на труд во која било од овие три земји, без да имаат дополнителни административни обврски.

Засега, конкретна анализа од домашните власти за приливот и одливот на работна сила кој би ги предизвикала ваквата мерка нема. كازينو اون لاين عربي
Меѓусебното признавање на работните дозволи доаѓа во период кога иницијативата „Отворен Балкан“ е сè почесто мета на критики. Односно, дека повеќе станува политичка, отколку економска иницијатива. بيت 365 На последниот Самит одржан во Охрид, американскиот функционер Габриел Ескобар порача економијата да остане во фокусот, бидејќи „Отворен Балкан“ не е политички проект. Сепак, само неколку недели подоцна, лидерите од трите земји, премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ заеднички носеа одлука дали да присуствуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Последно, аналитичарот Едвард Џозеф, во интервју за „Дојче веле“, деновиве оцени дека Србија, како најголема економија на Западен Балкан, најмногу ќе придобие од иницијативата и ќе го засили своето економско и политичко влијание во регионот, на сметка на останатите земји.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button