ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Отворен Балкан лани „преполовен“, како понатаму?

„Отворен Балкан“ како иницијатива продолжува преполовена. Ова се должи на фактот што и после две години од првичната идеја, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина не се приклучуваат на триото Србија-Албанија-Северна Македонија. Земјите учеснички на последниот Самит во Тирана потпишаа неколку договори кои го отвораат патот за слободно движење на стоки, луѓе и капитал. Тие велат дека Отворен Балкан не е алтернатива за европската интеграција.

“Отворен Балкан е стратешки интерес на Албанија и на Албанците надвор од заедничкиот регионален интерес и секако е интерес на секоја земја. Ви велам дека и тие ќе дојдат на Отворен Балкан, но сега само губат време“, рече претседателот на Албанија, Еди Рама.

„Што се однесува до економските прашања и слободното движење на луѓе и стоки, да бидеме заедно во рамки на Отворен Балкан, со ова немаме никаков проблем“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, рече дека Брисел ја поддржува секоја регионална соработка.

“Ја користам приликата да ги поканам трите партнери да се вратат на оваа регионална соработка бидејќи таа не само што ги зголемува можностите за бизнисите, таа е во корист на потрошувачите, но може да ја промени и реалноста на теренот кој е многу мрачен“, рече Вархеји.

Сепак, Косово останува цврсто во својата одлука за иницијативата Отворен Балкан. Според премиерот Албин Курти, Отворен Балкан овозможува поголемо влијание на Истокот во регионот.

“Отворен Балкан“ повеќе изгледа како отворен Балкан за источните влијанија и Отворен Балкан за автократијата, корупцијата, воените злосторници кои, како што сите знаеме, продолжуваат да бидат слободни не само во Србија, но неколку од нив се и на власт“, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

Плановите за создавање на „Отворен Балкан“ за прв пат беа објавени на состанокот одржан на 10 октомври 2019 година во Нови Сад, Србија.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button