ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОУ „Његош“ има простор за 13 ученици Албанци, велат од Инспекторатот

Основното училиште „Његош“ општина Гази Баба во моментов има доволно простор да прими 13 ученици Албанци од Идризово, за наставата по албански во шесто одделение.

Ова го оценија од просветниот инспекторат по извршените контроли во ова училиште пред неколку дена. Исто така, во извештајот на Државниот просветен инспекторат, се наведува дека го задолжува директорот на училиштето да ја започне постапката за отворање на паралелка на албански јазик во VI одделение, поточно да испрати барање до основачот, во овој случај општина Гази Баба, за отворање на оваа паралела.

И покрај ваквата одлука, првиот човек на Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи информираше дека во училиштето „Његош“ нема простор за дополнителни паралелки. По средбата со родителите на учениците Македонци и министерот за образование Јетон Шаќири, Стефковски напиша дека единствена можност да се учи албански од шесто одделение е во соседните училишта каде е организиран бесплатен превоз.

Од Министерството за образование соопштија дека со детални појаснувања ќе излезат следната недела. 13-те ученици Албанци на Идризово се уште не ја започнале новата учебна година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button