ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ова е официјалниот број на бездомници во Македонија

Околу 350 бездомници се официјално регистрирани во СМакедонија, но професорите на Факултетот за безбедност проценуваат дека овој број е многу поголем. Професорката Весна Стефановска, истовремено член на истражувачкиот тим кој се занимава со оваа појава, вели дека оваа категорија граѓани немаат одреден профил. Нивната возраст е од 41 до 65 години, а 89 проценти од животот го поминуваат на улица.

Причините зошто овие луѓе се бездомници се многу. Некои бидејќи од мали ги изгубиле родителите, а други пак, се луѓе со криминални досиеја кои по завршувањето на казната завршиле на улица.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, рече дека проблемот со бездомниците бара повеќестран пристап, подвлекувајќи дека е потребно поголемо вклучување и координација на сите сектори за надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија граѓани.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button