ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ова се платите на премиерот и министрите
Владата ги објави приходите на премиерот на државата Димитар Ковачевски, неговите заменици и министрите во Владата.
Шефот на владата зема нето плата од 88.260 денари, додека меѓу министрите со најголеми примања е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 86.324 денари месечно.
Основната плата на сите министри е 65.026 денари.
Кај вицепремиерите највисока плата има вицепремиерката Славица Грковска 73.045 денари, а по неа е вицепремиерот Фатмир Битиќи со нето плата од 71.762 денари.
Нешто помала плата зема Артан Груби, 70.478 денари, додека најниска меѓу вицепремиерите е Бојан Маричиќ со плата од 69.197 денари.