СВЕТ

Палестински милитанти преку тоалетите избегале од затвор во Израел

Шестмина палестински милитанти денеска избегаа од израелски затвор со високо ниво на заштита, што премиерот Нафтали Бенет го нарече сериозен инцидент, пренесува Скај.

Израелската полиција и војската започнаа потрага по бегството кое се случи од затворот Гилбоа во северен Израел.

Петмина од бегалците припаѓаат на движењето Исламски џихад, а меѓу нив е и поранешниот командант на вооружена група која е поврзана со водечката партија Фатах, соопшти затворската служба.

Арик Јаков – командант на затворската служба, изјави дека бегалците најверојатно отвориле дупка во подот на тоалетот на нивната ќелија, со цел да пристапат до премините направени за време на изградбата на затворот.

Објектот оддалечен на околу 4 километри од границата со окупираниот Западен Брег, е еден од најстрогите затвори во Израел и во него се сместени Палестинци осудени или осомничени за антиизраелски активности, вклучително и за смртоносни напади.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button