ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Панчевски сѐ уште не го добил упатниот акт за издржување на затворската казна

Поранешниот шеф на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски да се јави во затвор. Ваков документ му испратил судот од Велес, по што Панчевски ќе треба за најмногу 15 дена од приемот на документот да се јави во Шутка, велат од велешкиот суд за Алсат. Упатниот акт од судот во Велес е испратен пред една недела, но се уште не стигнал до рацете на Панчевски. Ова следува, откако Апелациониот суд му ја потврди затворската казна од две и пол години затвор за рачна распределба на судски предмети. Панчевски за Алсат најавува дека ќе бара пролонгирање на издржувањето на затворската казна.

„Ќе ги искористам сите мерки“, рече Панчевски.

Апелациониот суд во април по вторпат ги разгледуваше жалбите на Панчевски, кој бараше да биде ослободен. Случајот се врати во Апелација по одлука на Врховниот суд кој ја прифати жалбата на Панчевски за прекршување на процедурата.

Панчевски е обинет дека како претседател на скопскиот кривичен суд меѓу 2013 и 2016 година рачно делел судски предмети на подобни судии, наместо тоа да го направи автоматски комјутерскиот систем познат како АКМИС.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button