ВЕСТИРЕГИОН

Партиите на консултации кај Радев за формирање влада: Почна средбата со „Има таков народ“, ГЕРБ се откажа

Бугарскиот претседател, Румен Радев, ги почна консултациите за формирање на нова влада во Бугарија, а првата партија со чиј претставници ги почна средби е „Има таков народ“ на Слави Трифонов, која победи на парламентарните избори на 11 јули.

Радев на почетокот на консултациите ја поздрави одлуката на „Има таков народ“ да отвори дијалог со другите партии и порача дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, за нерешавање на итните прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија.

Заменик претседателот на „Има таков народ“, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.

„Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи“, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека доколку другите политичките партии, со исклучок на ГЕРБ на Бојко Борисов, надминат некои свои партиски интереси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button