ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите се обвинуваат, граѓаните остануваат блокирани

Политичките партии повторно се судрија за „хаосот“ во главниот град, предизвикан од протестот на приватните превозници кои бараат Град Скопје да им го плати долгот од околу 2 милиони евра. Од ВМРО ДПМНЕ бараат оставка од градоначалничката Арсовска и додаваат дека овој хаос бил предизвикан од таен договор меѓу неа и премиерот Ковачевски.

Од СДСМ, пак, ја обвинија градоначалничката дека не презема одговорност, а ВМРО-ДПМНЕ дека ја поддржала Данела Арсовска да стане градоначалничка.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, неколку дена по ред не се појавува во јавноста да одговори на новинарски прашања за проблемот со приватните превозници. Додека секретарот на Градот, Зоран Глигоров вчера се појави на кратка изјава, но целосно ги игнорираше новинарите, не дозволувајќи да се поставуваат прашања.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button