ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Патот до Липковското езеро наликува на депонија

Ова е патот кој води до браната Липково, единственото туристичко место во оваа рурална општина. Но, пред природните убавини што ги нуди ова место, се издвојува кабаст отпад.

пштинските власти велат дека депониите ги создаваат неодговорни граѓани и бараат од нив да се престане со таквото однесување. Првиот човек на Липково, Еркан Арифи, вели дека ќе мора да се казнува.

„Ова место што го гледаме зад нас е како резултат на фрлање отпад од страна на некои граѓани, за кои можам да кажам дека се неодговорни. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите жители на нашата општина организирано, унифицирано да ја организираат секоја педа од нашата општина со тоа што да не фрлаат ѓубре на погрешно место. Имаме посебни места кои се одредени од општинскиот совет каде треба да се фрли отпад“, изјави Еркан Арифи, градоначалник на Липково

Арифи објаснува дека патот што води до браните Липково и Глажње се проектира за проширување и осветлување.

„Станува збор за реконструкција на локалниот пат од гробиштата на село Липково во насока на браната Глажње. Во тој проект, покрај асфалтирање на коловозот, ќе се направи и атмосферска канализација, јавно осветлување, уредување на тротоари и засадување дрва. На ова место ќе се изгради заштитен ѕид со што ќе се бетонира јавниот простор и нема да може да се фрла отпад“, изјави Еркан Арифи, градоначалник на Липково

Локалните жители велат дека се чувствуваат загрозени од фрлениот шут и последиците што може да ги има врз нив ако дојде до поплава. Тие како суводолици би истекле кон нивните земјоделски и приватни имоти и би ги оштетиле. Во јуни минатата година беше потпишана иницијатива за прекатегоризација на патниот правец Глажње-Гошнице од локален во регионален и негово поврзување со патот што води до граничниот премин Белановце-Станчиќ со Република Косово. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button