ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Патот кон“, дебата за изборниот модел и листите

Власта се согласува со отворени списоци на локалните избори, но не ги прифаќа барањата на опозицијата за еден изборен круг. ВМРО-ДПМНЕ бара еднаквост на гласовите по принципот едно лице еден глас, а албанската опозиција смета дека измените и дополнувањата на Изборниот законик треба да бидат усвоени во пакет, а не дел по дел како изборен експеримент. ДИК смета дека отворените листи на локалните избори се чекор кон отворени листи за пратеници. За можноста за измена на изборниот модел, рекламирањето и отворени листи, ќе се дискутира вечерва во емисијата „Патот кон“.

“Би било добро прво да се почне со отворени листи на овие избори, односно локалните избори, а потоа да се оди со отворени листи за пратеници. Со тоа ќе имаме постручни пратеници и советници“.

“Ова мора да се направи во пакет. Мислам дека би било експериментално доколку овие измени се прават само за локални избори. Не знаеме колку ќе бидат информирани гласачите ако овие промени се направат толку брзо”.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button