ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациент скокнал од прозорец од болницата „8 Септември“, починал на самото место

Пациент се фрлил од прозорец од првиот кат на болницата „8 Септември“ и починал. Како што соопштија од болницата, станува збор за повозрасен пациент кој бил хоспитализиран неколку дена во ковид центарот и имал психички проблеми.

На ден 10.02.2021 година, пациент хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 ми Септември“ – Скопје (пациент А.Ц., роден 1950 год.), во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај преземените реанимациони постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт.
Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ.
Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор. По завршување на истите, јавноста ќе биде известена, соопштија од болницата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button