ВЕСТИСВЕТ

Пелоси го напушта Тајван поради зголемените тензии

Пелоси го напушта Тајван поради зголемените тензии

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и покрај бројните предупредувања од официјален Пекинг е во посета на Тајван, но според последните информации поради зголемените тензии ќе мора да го напушти.

Азиската турнеја ќе ја продолжи во Јапонија и Јужна Кореја.

Во Тајпеј, Пелоси се сретна со шефот на администрацијата на Тајван, Цаи Инг-вен. Таа се обрати и до парламентот со порака дека Америка недвосмислено стои со Тајван. Од друга страна, Пекинг им порача на САД да не сонуваат да ја попречат големата цел за повторно обединување на Кина: „Без разлика колку САД се залагаат за „независноста“ на островот, тие напори ќе бидат залудни“, посочи Ванг. Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button