ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Пендаровски да каже кој побарал помилување на Груевски“, бараат од ВМРО

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Стево Пендаровски, да каже кој побарал помилување на затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски, или да признае дека ја излажал јавноста. Од партијата на Мицкоски велат дека ова се лаги на претседателот кој, според нив, кажува само празни зборови.

Претседателот Пендаровски во интервјуто за „Трилинг“, изјави дека во неформални разговори некој се консултирал со него за можно помилување на Груевски пред 7-8 месеци. По реакцијата, кабинетот на претседателот појасни дека лицето, или лицата за кои станува збор се од опозицијата. Во моментов нема достапни информации за идентитетот на лицата.

„Тие предлози преку посредници до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, но и до поранешните политичари“, рекоа од Кабинетот на претседателот.

Албанските опозициски партии постојано потенцираат, дека зад неодамнешните измени на Кривичниот законик се крие сценариото за амнестија и враќање на Груевски од Будимпешта, како слободен човек а во замена да се обезбе ди поддршка за уставните амандмани. Ова беше демантирано од владата и од ВМРО.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button