ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: ЕУ треба да ја држи вратата отворена

Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија. Европската Унија треба да ја држи вратата отворена, не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, кој во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот се обрати на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“ во рамки на сесијата „Специјално обраќање: Мир и стабилност: Иднината на Западен Балкан“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button