ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Не пoстои политичка терминологија „бојкот на попис“

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од идејата за собирање потписи за укинување на законот за попис на населението, доколку се одобри предложената верзија. Според опозициската партија, СДСМ има коалициски договор со ДУИ за фалсификување на пописот.

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој предлог за пописот и затоа нагласува дека ќе започне со иницијатива за собирање на потписи во Министерството за правда и потоа таа иницијатива ќе ја достави во Собрание со кој ќе побара поништување на Законот за попис.

Според СДСМ, државата има електронски регистар на населението кој ќе биде поврзан со пописната опрема и податоците ќе бидат споредувани со податоците на 10 други институции, што значи дека не е можно да се регистрираат лица кои не постојат. И Министерството за правда, како носител на законот, се повикува на одговорност.

„Државата речиси 19 години нема организирано успешен попис. Владата со опозицијата разговараше за Законот за попис уште од 2019 години. Сметаме дека е потребно сега сите да преземеме одговорност и да учествуваме во статистичката операција, од чиј резултати ќе се кројат сите долгорочни развојни политики на државата. Тоа е во интерес пред сè на граѓаните. Повикувањето на бојкот не е во таа насока и тоа го сметаме за неодговорно“, наведуваат од Министерството за правда.

За пописот се изјасни и претседателот Стево Пендаровски. Според шефот на државата, не постои политичка терминологија „бојкот на пописот“ и овој процес треба да се случи поради социо-економските политики.

„Ако се обидете со одредена реторика да кажете дека не сме толку колку што ќе покаже пописот утре и за тоа имате скриена политичка агенда, подобро е да го кажете ова порано, а не по пописот. Ве убедувам дека не постои политичка терминологија што го користи терминот “бојкот на попис“. Не постои. Можеби не ги прифаќате резултатите, тоа е легитимно, но нема израз „ќе ги поканиме граѓаните да го бојкотираат пописот“. Ова досега не се случило во европската политика“, вели Пендаровски.

Доколку дел од граѓаните го бојкотираат пописот, ова не би било првпат. Пописот во 1991 година го бојкотираа граѓани, главно од албанска националност. Последниот попис во земјата беше направен во 2002 година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button