ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Пендаровски и Ковачевски им ја честитаа на фудбалерите победата над Италија

Претседателот и премиерот, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски ѝ ја честитаа победата на фудбалската репрезентација над Италија.

„Сензација! Вие сте вистински херои, вечерва покажавте што значи борбеност, желба, упорност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки за селекторот Милевски и целата екипа, вечерва никогаш нема да ја заборавиме“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.

„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал, на чекор до Катар, благодарни сме за радоста што ни ја давате“, напиша Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button