МАКЕДОНИЈА

Пендаровски ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Шефот на државата Стево Пендаровски, денеска во градот Монс во Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО и оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи, информира неговиот кабинет.

За време на средбата, Пендаровски бил запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во насока на заштита на НАТО сојузниците и намалување на ризикот од проширување на конфликтот.

„Претседателот Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на државата да даде свој активен придонес во напорите на Алијансата насочени кон исполнување на стратешките цели, во одржувањето на регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир“, соопшти неговиот кабинет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button