МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

-Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични, вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button