ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Мотивот за убиствата на Смилковското езеро не е докрај расчистен

Пендаровски: Мотивот за убиствата на Смилковското езеро не е докрај расчистен

Претседателот Стево Пендаровски оценува дека мотивот за случајот Монструм не е докажан до крај. Во емисијата „Патот кон“ Пендаровски рече дека можеби има некои други мотиви, но мотивот за исламски џихад не држи и затоа никогаш не бил докажан.

Првиот човек на Организациониот совет за протести против случајот Монструм, Бедри Ајдари, вели дека оваа изјава на Пендаровски го побива секое досегашно обвинение за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје.

„Со ова претседателот како највисока инстанца во државата ги отфрли сите обвиненија кои им се товарат на обвинетите за ова дело. За нас тоа е шлаканица за обвинителството во овој случај кој се третира како политички мотивиран случај. Тој рече дека не знае за монтирани политички случаи, но такви има во Македонија. Го потсетувам претседателот дека ми кажал оти Заев има прислушувани разговори кои докажуваат дека тие не се виновниците. Самиот Заев кажа дека обвинетите во случајот Монструм не се виновни и пред мене и пред странци и пред новинари“, рече Бедри Ајдари, претседател на Организацискиот совет.

Судот ги осуди на доживотен затвор Фејзи Азири, Хаки Хазири, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Африм Исмаиловиќ за убиството на четирите момчиња на возраст од околу дваесет години и на еден рибар во 2012 година кај Смилковското езеро. Сами Лута беше ослободен поради недостиг на докази. Во декември 2017 година случајот отиде на повторно судење, додека во февруари 2021 година судот повторно ги осуди Алил Демир, Агим и Афим Исмаиловиќ на доживотен затвор, додека Фејзи Хазири и Хаки Азири беа осудени на 15 години и 9 години затвор. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа осудени во отсуство. Надлежните неколку пати побараа нивна екстрадиција од Косово, но косовските институции одбија со образложение дека барањето не се заснова на доволно докази./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button