ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Неодамнешното двојно убиство ни покажа дека радикалните структури и говорот на омраза можат да резултираат со трагични последици

Неодамнешното двојно грозоморно убиство на површина го извлече фактот дека дел од радикалните структури, не само што се активни кај нас туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици. Времето на растечкиот национализам не ја одминува и нашата држава и, за жал, сè почесто сме сведоци на националистички провокации што доаѓаат од одредени политички и верски кругови, со единствена цел, преку наметнување на својот светоглед да ја нарушат стабилноста на државата и да го минираат демократскиот поредок.

Ова, како што информираат од кабинетот на шефот на државата, го истакнал претседателот Стево Пендаровски во синоќешното обраќање на конференцијата по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 Декември, во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Затоа сметам дека првенствена задача на сите демократски политички структури е јакнење на отпорноста на институциите и континуирана борба против екстремистите, без дневно политички калкулации“, нагласил Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button