МАКЕДОНИЈА

Пендаровски погрешно разбран: Не рекол дека нема да се кандидира

Претседателот Стево Пендаровски не рекол дека нема повторно да се кандидира за шеф на државата, вели извор во неговиот кабинет.

Појаснувањето доаѓа откако денеска повеќе медиуми пренесуваат негова изјава во која наводно рекол дека нема да се кандидира на претстојните избори.

Прашањето од новинар упатено до него на маргините на денешниот настан посветен на борбата против корупцијата во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје е: „Дали размислувате за втор мандат“, на што тој лаконски одговара: „Не“.

Во серија новинарски написи ова „не“ се толкува како негов одговор дека нема намера да се кандидира.

Извор од кабинетот на Пендаровски вели дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата.

Мандатот на Пендаровски истекува на 12 мај 2024 година. Во понеделникот на лидерска средба во Собранието беше договорено дека првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните на 8 мај 2024 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button