ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Реакцијата на Радев е мешање во внатрешните работи на друга држава

Претседателот Стево Пендаровски смета дека реакцијата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој на средба со шефовите на бугарските специјални служби побара да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест, е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, пишува МКД.мк

„Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО“, стои во одговорот од Пендаровски на прашање на МКД.мк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button