МАКЕДОНИЈА

Пендаровски вели дека бугарскиот акционен план ги содржи старите ставови на Софија

Претседателот Стево Пендаровски вели дека сегашниот став на Бугарија кон македонскиот идентитет е дел од Бугарскиот акционен план. Шефот на државата потврдува дека нема ништо суштинско различно во нивните позиции поврзани со идентитето во документот што е  одговор на Акциониот план што Скопје  го достави пред некое време. Пендаровски е категоричен дека спорот веќе излегол од рамките на Билатералниот договор од 2017 година.

Во интервју за новинската агенција МИА, Пендаровски најави дека следната недела министрите, Османи и Димитров, ќе говорат пред Собраниската комисија за надворешни работи, на што  македонската опозиција долго време инсистираше. Запрашан за барањето на Бугарија да се стави крај на говорот на омраза, Пендаровски напомена дека кај нас има казни за објавување на социјалните мрежи, но не знае дали ваква мерка воопшто има во соседна Бугарија.  Во меѓувреме, јавноста во источниот сосед остро го осуди палењето на бугарското знаме за време на карневалот пред два дена во Вевчани. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски преку објава на социјалните мрежи напиша дека не може да се дозволи сквернавење на националните симболи, или друг облик на изразување на омраза, што било поигрување на сеќавањето на предците. Тој уште додава дека за ваква Македонија немало место во ЕУ или во цивилизираниот свет.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button