ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски: „Во Тирана не се правеа антимакедонски сценарија“

Претседателот Стево Пендаровски не се сомнева во албанскиот премиер Еди Рама дека може да работи зад грб против Македонија. На новинарско прашање, Пендаровски рече дека Албанија ѝ е пријателска земја на Македонија и нема причина да работи против неа.
Но, од ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат одговори од премиерот Димитар Ковачевски и од СДСМ каков план прифатиле на маса по средбата на албанските лидери во Тирана. Според опозицијата, Ковачевски ја пофалил средбата во Тирана бидејќи има интерес за пари и за зачувување на неговата политичка кариера.
Според ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на премиерот и на СДСМ се потврда дека средбата во Тирана се случила по барање на Ковачевски за да си ја спаси фотелјата.
Мефаил Исмаили