ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски за ДВ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, изјавил претседателот на државата, Стево Пендаровски, за Дојче Веле, откако на вчерашниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија соопшти дека ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата.

По телефонски разговор, на барање на партискиот претседател Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски.

Средбата е закажана во вилата „Водно“, каде Мицкоски последен пат беше на 13-ти август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со шефот на државата. Повод за таквата одлука на партијата беше незадоволството што Пендаровски му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, без претходно да добие уверување за оформено парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button