МАКЕДОНИЈА

Пешевска: ВМРО-ДПМНЕ отворена за предизборни коалиции

Отворени сме за соработка со сите и можна е предизборна коалиција и со македонска и со албанска партија, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ претставничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. Како што додаде таа, важно ќе биде усогласеноста на програмите и барањата на двете страни.

„Можна е коалиција и со македонска и со албанска партија, каде ќе се усогласиме во делот на програмите, во делот на барањата од едната и од другата страна. Ќе оставиме времето да покаже, мислам дека сѐ уште е рано да се обзнани конкретна коалиција и соработка. Имаше нешто во најава, но ќе видиме како ќе покаже периодот“, рече Пешевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button