ЗДРАВСТВО

Пет начини за губење на салото од стомакот

Пет начини за губење на салото од стомакот

Кога ќе се здебелиме, стомакот е тој каде што прво се забележува вишокот, а кога слабееме најтешко е да се затегне.

Салото на стомакот не е само естетски проблем. Истражувањата сугерираат дека постојат силни врски помеѓу салото на стомакот и болестите како што се дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести, пишува Healthline.

Избегнувајте шеќер и слатки пијалоци
Пијалоците со додаден шеќер не се добри за нашето здравје. Многу студии покажаа дека голема количина на фруктоза доведува до таложење на маснотии во стомакот и црниот дроб, а овој процес може да доведе до отпорност на инсулин и други метаболички состојби.

Јадете повеќе протеини
Протеинот е најважната хранлива материја која помага при слабеење. Истражувачите откриле дека тие можат да ги намалат мастите за дури 60 отсто и да го забрзаат метаболизмот за да согорат 80 до 100 калории дневно повеќе од вообичаено. Тие исто така можат да ви помогнат да внесете дури 441 калории помалку во текот на денот.

Помалку јаглехидрати
Помалиот внес на јаглехидрати е секако ефикасен начин за слабеење. Ова е поддржано од бројни студии. Кога ќе го намалите внесот на јаглени хидрати, апетитот се намалува и почнувате да губите тежина.

Диетата со намален внес на јаглени хидрати води до 2-3 пати повеќе губење на тежината отколку диета со малку маснотии, докажаа бројни студии. Ваквите диети доведуваат до губење на вишокот вода од телото, што на луѓето им дава брзи резултати во губење на тежината.

Храна богата со растителни влакна
Храната богата со растителни влакна може да ви помогне да изгубите тежина, но и видот на влакна што ги јадете е многу важен. Влакната даваат чувство на ситост, а храната богата со растителни влакна е се помалку застапена во исхраната на современиот човек. Тоа се храна како што се овесни и јачменови снегулки, цели зрна, варена пченица, пченка, брокула, боранија, моркови, пршута, аспарагус, авокадо, банани, малини, јаткасти плодови и семки.

Вежбање
Намалената диета во комбинација со вежбање е докажан рецепт за слабеење. Тренингот за сила во комбинација со кардио вежби ќе го намали вишокот тежина на целото тело. Докажано е дека аеробните вежби како одење, трчање или пливање го намалуваат вишокот маснотии на стомакот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button