ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петков: Не одам во Скопје со никаков анекс на Договорот, туку со подготвеност за нов почеток

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава, на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји.

Петков, кој е прв странски државник, кој доаѓа во посета на Северна Македонија, по изборот на новата Влада, во интервју за МИА говори за тоа дали со себе ќе донесе некаков анекс на договор, нешто за што се шпекулираше изминатиов период.

– Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период, нагласува Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button