ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петков: Позицијата кон Македонија непроменета

Бугарскиот премиер Кирил Петков неколку дена пред посетата на Скопје повтори дека Софија не ја променила позицијата во однос на преговорите со Северна Македонија, туку дека само ќе го ја надгради. На прашањето на пратеничката Екатерина Захариева во Народното собрание дали новата влада на Петков има намера да го смени националниот консензус со нешто друго, Петков тоа го демантираше.

Петков изјави дека преговорите со Скопје ќе се одвиваат според коалицискиот договор меѓу партиите во Владата.

“Ставот на Република Бугарија за преговарачкиот процес со Северна Македонија е во точките токму како што се договоривме при формирањето на коалицијата што беше направено „онлајн“ и сите бугарски граѓани имаа можност да го видат. Таа позиција останува и ја надградуваме со пет различни комисии. Имаме целосна координација со Советот на министри на оваа тема и одењето на разговори на 18 јануари покажува дека добрососедството е основен принцип во нашите односи со Северна Македонија“.

Петков рече дека петте групи што ќе се формираат ќе разговараат за важни прашања меѓу двете земји.

“Не разбирам зошто во 2021 година немавме ниеден лет од Софија кон Скопје, не разбирам зошто во 2021 година немаме ниту една железничка линија Софија-Скопје, не разбирам зошто немаме заедничка културен календар и поголема соработка меѓу нашите бизниси“.

Петте работни групи ќе бидат од областа на инфраструктурата, економијата, културата, европските интеграции и историјата. Петков со својот тим ќе допатува во Скопје на 18 јануари, откако Ковачевски ќе ја преземе премиерската функција.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button