ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петковски: Берлин ѝ даде сила на Софија

Уште пред 16 години во колумна за Утрински весник напишав дека ако Бугарија стане члена на ЕУ, може лошо да ѝ се пишува на Македонија. За жал имав право и за жал повторно слушам тези дека македонското прашање не е решено, вели во разговор за порталот мкд.мк, лидерот на НСДП и долгогодишен политичар, Тито Петковски.

Во своето излагање Петковски оценува дека Бугарија не би можела да биде така силна кон Македонија, да стави вето, да инсистира на прашања од историјата и да навлегува во идентитетските работи, доколку зад неа не стои една Германија.

„Германија всушност не ја поддржа Македонија и таа практично застана зад Бугарија во спорот. Кога бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека Бугарија не е осамена во причините за спорот со Македонија, и дека зад неа стојат и други држави од ЕУ, таа всушност пред сѐ мисли на Германија. И кога Захариева говори за прашањата за историјата па и за јазикот, кои ѝ го наметнува на Македонија како услов за отворање на преговори, и тука ја наоѓаме врската со Германија. За среќа, се спротивставија Чешка и Словачка со многу јасни ставови дека овие прашања – историјата и јазикот не може да бидат услови за сопирање на европската интеграција и дека тоа е спротивно на Копенхашките принципи“, вели Петковски.

Целата вест на: МКД.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button