МАКЕДОНИЈА

Петровска: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ, погрешна стратегија или обид за пребројување на теренот

Протестите организирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со цел да се добие увид во преговорите со Бугарија е погрешна стратегија, вели претставничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат. Како што додаде таа, тие повеќе наликувале на обид партијата да си го провери рејтингот меѓу граѓаните.

„Се поставува прашањето што е крајната цел од овие протести. Дали сакаат само да се пребројат? Ако го сакаа тоа тогаш си ги видоа силите, односно колкава им е посетеноста на тие протести, или сакаат едноставно да го дефокусираат вниманието од она што се случува во Собранието“, вели Петровска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button