МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Селективната правда е полоша од неправдата

За пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, донесените пресуди во кои се споменуваат и имиња на поранешни високи функционери, се политичка игра на актуелната власт. Како што рече тој во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, станувало збор за селективна правда.

„Селективната правда е полоша од неправдата. Без разлика дали некој е член на некоја политичка партија или не, треба да одговара пред законот, меѓутоа, мене ќе ме радува доколку паралелно видиме некоја судска завршница и на некој актуелен функционер од плејадата криминални афери коишто во изминатите 4 години се случија во Република Македонија“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button