ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петти ден штрајк на кумановска група

Петти ден продолжува штрајкот со глад на кумановската група во затворот Шутка. Се известува дека здравствената состојба на дел од штрајкувачите се влошува, од кои петмина и понатаму одбиваат лекарска помош. Арсим Бајрами, Ирфан Лутфиу, Мусадик Пајазити, Елхам Арифи и Сабедин Абдулаху, осудени на 15 години затвор од кумановската група, велат дека нема да се откажат од штрајкот додека не им се исполни барањето за посета на семејствата и за отпуст за време на викендите.

„Штрајкувавме со глад и бојкотираме секаква храна. Ќе продолжиме со штрајкот додека не се исполнат нашите барања: дајте ни го она што ни припаѓа, ни повеќе ни помалку, право на слободен викенд“, изјави Арсим Бајрами, затвореник

По инсистирање на медиумите, Управата за извршување санкции, три дена по тоталниот молк, во петокот отиде во посета на штрајкувачите, на кои им беше ветено дека до 23 мај ќе бидат префрлени во затворот Идризово, од каде што може да го остварат нивното право за семејни посети, но не и одење дома за време на викендите. Но, им било кажано дека во меѓувреме овие поволности ќе бидат разгледани врз основа на нивното досие.

„Сакаме да ги информираме дека утре навршуваме 7 години и сме во тотална изолација и не ни се нуди можност за ресоцијализација и сигурен сум дека доколку гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во нашата земја не ни помага, тие ќе продолжат да ги кршат сите наши права и нашето здравје и безбедност ќе бидат загрозени“, изјави Арсим Бајрами, затвореник

Нивниот адвокат во текот на неделата рече дека Управата за извршување санкции работи со двојни аршини бидејќи некои осуденици од крвавиот четврток на 27 април во Собранието, овие права ги уживаат по отслужување на половина од казната.. Од Управата на затворот Шутка велат дека штрајкувачите имаат законско право да ги бараат тие права, но се во надлежност на Затворот Идризово, од каде што беа пренесени во март 2020 година. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button