ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петти сет мерки: Власта бара гаранции, опозицијата се чуди

Парламентарното мнозинство не ги прифаќа како веродостојни изјавите на опозицијата за поддршка на законите од петтиот економски пакет. Тие бараат поголема гаранција дека овие закони ќе бидат ставени на гласање.

„Проблемот лежи во неодговорниот пристап на здружената опозиција, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива. Верувам дека претседателот на Собранието ќе закаже седница за овој пакет закони што произлегуваат од петтиот пакет економски мерки, кога ќе добие сигурни гаранции од опозицијата дека ќе учествуваат на седницата за нивно усвојување“.

Но, опозицијата, покрај изјавите за поддршка на петтиот економски пакет за помош на компании и граѓани, беше присутна на седницата на Комисијата каде беа усвоени овие закони. Тие не го разбираат барањето од мнозинството за дополнителни гаранции и сметаат дека тоа е нивна игра.

„Сега не гледаме причина Собранието да не свикува седници за усвојување на пакет мерките. Всушност, излегува дека сите солзи што досега беа пролеани и ја обвинуваа опозицијата за попречување на економските пакети за ковид 19 биле само крокодилски солзи. Сега парламентарното мнозинство нема никаква причина да не гласа за законите“.

По вонредната координација со пратеничките групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, во соопштението од неговиот кабинет воопшто не ја споменува потребата од дополнителни гаранции од опозицијата за закажување на седницата. Тој нагласува дека не треба да има приоритети на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии за ова се согласиле надвор од Собранието, политичките партии да се откажат од праксата на држење во заложништво на процесот на усвојување на закони со немањето кворум или доставување на многу амандмани за еден закон. Џафери информираше дека ќе продолжи со седницата што веќе е започната. На неа не се законите од петтиот економски пакет.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button