ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петтиот сет мерки не е блокиран само од Коалицијата Алијанса – Алтернатива

ВМРО ДПМНЕ размислува дали ќе ги повлече амандманите за Законот за државјанство со што ќе се одблокираат и законите од петтиот сет економски мерки. Од оваа опозициска партија за Алсат велат дека ќе чекаат да го видат предлог решението за државјанство за да донесат одлука. Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа повлекување на амандманите на предложениот Закон за државјанство за веднаш да ги повлечат амандманите за мерките.

Ќе ги нагласам јавните изјави на претставниците на ВМРО ДПМНЕ доколку ние сме подготвени да го деблокираме Собранието и да ги повлечеме амандманите за петтиот сет економски мерки тие ќе ги повлечат амандманите за Законот за државјанство. Ја користам можноста да ги повикам доколку тие го направат ова за овие денови или денеска, ние сме подготвени ќе ги повлечеме амандманите за петтиот пакет мерки.“

Според претседателот на комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ, законите можат да се донесат и без да се повлекуваат амандмани. Законите за помош  на компаниите би биле донесени за најмногу осум работни дена, но досега Комисијата не беше закажана бидејќи собраниските служби не ги подготват материјалите за седницата.

Во моментов, согласно процедурата службите треба да ги преведат да ги обработат тие амандмани и кога ќе бидат создадени услови за работа, јас треба како претседател на Комисијата за финансирање и буџет, да бидам писмено информиран од страна на претседателот на Собранието дека има услови за работа за Комисијата да продолжи со работа. До овој момент јас не сум добил таква информација.“

И додека се чека пратениците да договорат кога ќе се донесат мерките вработените од текстилната индустрија како најпогодени од кризата, јавно упатија писмо до сите пратеници во законодавниот дом.

Голем дел од фирмите особено во текстилната индустрија, немаат се уште исплатено плати за февруари и март на работниците и работничките, така што тие се оставени на милост и на немилост. Поради неисплата на плати и лошата состојба на фирмите, работниците при користење на здравствени услуги се принудени да плаќаат приватно. Свесни сте дека тоа значи изложување на огромни парични издатоци и е сериозен проблем за нормално живеење.“

Поради доцнењето на мерките од петтиот пакет, околу 16 илјади граѓани се уште немаат земено февруарска плата, а околу седум илјади вработени во текстилната индустрија заминаа на колективен одмор во траење од две недели.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button