СПОРТ

Пике и „Космос“, тужба против Меѓународната тениска федерација

Жерар Пике и неговата групација „Космос“, подготвиле тужба против Меѓународната тениска федерација (ИТФ). Во тужбата се тврди дека незаконски им бил раскинат договорот за организација на Дејвис купот.

Агенцијата АП, пренесува дека тужбата пред Судот за спортска арбитража (KАС) е вредна „неколку милиони долари“, додека „Марка“, пишува дека се обидуваат да го „претркаат“ ИТФ, кој исто така најави дека правдата ќе ја бара на суд. Очигледно на пат е жестока судска битка, откако од ИТФ протече информација дека компанијата на Пике, за минатата година, им должи 40 милиони долари.

Italy’s Lorenzo Musetti returns the ball to Taylor Fritz of the USA during a Davis Cup quarter-final tennis match between Italy and USA in Malaga, Spain, Thursday, Nov. 24, 2022. (AP Photo/Joan Monfort)

Договорот за организација на Дејвис купот е склучен во 2018 година, а „Космос“ се обврза, во натпрварувањето во наредните 25 години, да инвестира три милијарди долари. Финансиските проблеми започнаа со појавата на короната и одложувањето на финалето во 2020 година.

По раскинувањето на договорот, ИТФ најави дека годинава ќе го организира финалето на Дејвис купот, а воедно почна да бара и нов спонзор. Иако поборниците на претходниот формат на Дејвис купот веднаш почнаа да бараат враќање на стариот систем дома и гости (наместо финале во кое учествуваат неколку репрезентации), тоа засега нема да се случи.

Лондонскиот бизнис весник „Сити А.М.“, во меѓувреме најави дека во ИТФ се создава опозиција која бара разрешување на претседателот Дејвид Хагерти и целосна истрага за потпишувањето и раскинувањето на договорот со „Космос“./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button