ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Плати на штрајкувачите, пречка за договор

Платите на работниците во училишта и градинки кои штрајкуваа останаа во заложништво на Договорот што веќе две недели се подготвува меѓу СОНК и Министерството за образование. Дарко Костовски, градоначалник на Бутел, за Алсат вели дека целосната плата за штрајкувачите е уставно право и не треба да се намалува од Министерството за труд и Министерството за образование.

Од секторот за образование во општина Тетово соопштија дека се должни да постапат по одлуката на надлежните министерства.

„Општината го поддржува штрајкот на наставниците, негувателките и воспитувачките во градинките. Мора да имаме конечна одлука од највисокиот надлежен орган кој ќе донесе одлука на републичко ниво и ниедна од општините нема да може да постапи како што јас мислам, туку сите ќе треба да постапиме по Одлуката што ќе се донесе на национално ниво, од страна на Министерството за образование и наука или доколку ова прашање помине на влада ќе биде одлука на Владата на Северна Македонија“, Назми Даути, Сектор за образование, Општина Тетово

Во среда и петок повторно ќе продолжат преговорите за зголемување на платите во образованието и градинките меѓу СОНК и Министерството за образование, но се уште не се познати ставовите на страните, дали ќе има покачување на платите и дали процентот ќе биде исто ако има решенија за колективни договори. Ова ќе биде вториот и последен рок од 10 дена предвиден со Мировниот договор, чиј епилог ќе одлучи дали штрајкот повторно ќе се активира или не. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button