ЕКОНОМИЈА

„Платите мора да пораснат“ – синдикални протести на Први Мај

Зголемување на платите на работниците во висина од 2.806 денари е неопходно за да се преживее оваа криза велат од Сојузот на синдикати. Од синдикатот ги повикаа сите работници од јавниот и приватниот сектор на први мај да излезат на протест барајќи зголемување на нивните плати. Солидарност побараа и од сите невладини организации и други синдикати за нивните барања да бидат исполнети.

„Овој први мај нема да се слави, туку Сојузот на синдикати овој први мај ќе протестира. За да славиме ни се потребни пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Минатиот месец нашите анализи покажуваат дека инфлацијата се зголемила за 8,8 проценти и затоа е нашето барање 2.800 денари што побрзо бидејќи гледаме дека инфлацијата е сè поголема и тие 2.800 денари ако не ги добиеме, може нивната вредност следниот месец да биде помала во растот на цените на основните прехранбени продукти“, рече Дарко Димовски- Претседател на ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button