Плажите во Охрид, вратени под концесија на старите закупци
Плажите во Охрид, вратени под концесија на старите закупци

Со одлука на локалните власти во Охрид, дел од плажите се повторно дадени под конесија, откако пред неколку години, плажите им беа одзедени на концесионерите кои си работеа со истечени дозволи, а по препорака на Унеско, беа остранети сите објекти кои поставени. Старо новите концесионери на плажите сега можат да постават само урбана опрема со маси, столици и лежалки.
„Овие објекти личат на гулабарници, но добро е и тоа што го имаме.Не заслужува Охрид ваква работа. Ова беше плажа од 5000 квадрати со која јас концесионирав.Плажата беше срушена.Беше помината концесијата. Не требаше да се сруши, само требаше да се продолжи концесијата“, рече Тон-Илија Џепароски- закупец на плажа.
Закупциите на плажи очекувано жалат што с еурнале платформите. Дел од нив навлегуваа и во езерото.
„ Туристите реагираат, не сакаат ваков облик на уредување на плажите, толку скромен и безличен. Сакаат овде да има други активности. Овде имаше маси за биљард, имаше платформи за храна за пијалоци, луксузно уредени“, додаде Даница Бачевска-сопственичка на угостителски објекти.
Овие закупци се лутат зашто и во Струга не биле урнати платформите – иако и таму има незаконски објекти, ниту биле одземени плажите иако и натму се работи со истечени концесии..
„ Јас се чудам како за Струга и Подградец не постои Унеско, само за Охрид постои Унеско. Изгледа има други аршини“, изјави Илија Џепароски- закупец на плажа.
Повеќе од две години се чека на да биде донесен планот за управување со Охридскиот регион. Со него треба да бидат дадени насоки, каде и на кои места од крајбрежјето треба да има уредени плажи кои би се издавале под концесија како порано./Алсат.мк