ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По 16 години, Ахмети и ДУИ седнаа на местата резервирани за опозицијата

По 16 години, Ахмети и ДУИ седнаа на местата резервирани за опозицијата

По потврдувањето на мандатите, пратениците од Европскиот фронт, ја напуштија собраниската сала каде започна расправата по последната точка од дневниот ред, изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Пратениците кои ја напуштија салата ги предводеше шефот на интегративците Али Ахмети. Се уште нема официјален став од ДУИ или Европскиот фронт за тоа дали бојкотот бил само за постапката за избор на претседател на Собранието, или тие подолго ќе останат надвор од Собранието. Шефот на ДУИ Ахмети за утре свика прес-конференција во Мала Речица.

Покрај пратениците на Европскиот фронт кои го бојкотираа гласањето на Гаши, Левица на Апасиев ја напушти собраниската сала по гласањето за Гаши.
Пред почетокот на седницата на влезот во Собранието, Али Ахмети и Мендух Тачи не сакаа да зборуваат за медиумите

Единствен кој се изјасни од Европскиот фронт беше Елми Азири, кој не прецизираше каков е ставот на Фронтот за избор на претседател на Собранието.

„Не, во моментов кога зборуваме не, бидејќи не бевме информирани, ова е информација што беше испратена малку подоцна вчера“, рече Елми Азири, Европски фронт.

Пред почетокот на седницата, пратеникот на АА Ријад Шаќири ја потсети актуелната опозиција, Европскиот фронт дека имаат морална обврска да гласаат за кандидатот, бидејќи во времето кога АА беше во опозиција гласаа Талат Џафери да биде претседател на Парламентот.

„Сметам дека ние, како Алијанса, во тоа време ја поддржавме кандидатурата на господинот Талат Џафери како кандидат за претседател на Собранието. Сметам дека и тие имаат морална обврска да му дадат поддршка на г. Африм Гаши“, рече Ријад Шаќири, пратеник.

По 16 години, ДУИ за прв пат ја промени позицијата во Собранието со преминување на местата резервирани за опозицијата. На местото каде што до вчера седеше Али Ахмети, денес седна лидерот на Демократското движење Изет Меџити./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button