
По „Фајзер“ и „Бионтек“, и компанијата „Модерна“ излезе со очекувања дека очекува имунитетот стекнат со нејзината вакцина против коронавирусот да биде заштита и против новата мутација на вирусот што се појави во Велика Британија.
Од компанијата најавуваат дека ќе направат дополнителни тестови на вакцината во следните недели за да ги потврдат ваквите очекувања.
Очекувањата на „Модерна“, како што наведуваат, се базираат на процена врз основа на претходни податоци односно потенцираат дека досега извршиле тестирања својата вакцина за бројни варијации на коронавирусот кои се појавија од избувнувањето на пандемијата и тие покажале дека таа останува еднакво ефикасна.