СВЕТ

По два дена, растурена „дивата“ забава во францускиот град Рен

Француската полиција во акција која траеше два дена, конечно ја растури „дивата“ новогодишна техно- журка во близина на градот Рен, која започна во четвртокот навечер, а заврши изутринава откако беше демонтирано озвучувањето.

Околу 2 500 луѓе од цела Франција, но и од странство, се собраа во близината на Рен и покрај забраната за јавни собири и прослави.

Според локалните власти, полицијата формално не интервенирала, туку ги проверувала и им пишувала казни на присутните на заминување. Вкупно се казнети околу 1 250 лица, за непочитување на полицискиот час, неносење маска и незаконско групирање.

Во четвртокот вечерта, жандармите се обидоа да спречат забавата да се одржи, но се судрија со учесниците, при што беше запалено е едно жандармериско возило.

Во меѓувреме, отворена е истрага за „незаконско организирање на собир“, „насилство врз службени лица“, „оштетување на имот на трето лице во група“, „незаконско точење на алкохол“ и „употреба на наркотични дроги“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button