ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По една година почна дебата за Законот за квалитет на воздухот

Почна собраниската дебата за законското решение за квалитет на воздухот, една година откако беше испратен во Собранието од страна на Министерството за екологија. Прва станица на законот со европско знаменце беше Комисијата за европски прашања на која пратениците од власта и опозицијата се убедуваа која комисија е матична за законот.

„Навистина е потребно да се искоординираме со Комисијата за транспорт и потоа да продолжиме. Не бараме пауза, бараме прекин за оваа точка“, рече Марија Петрушевска, ВМРО ДПМНЕ.

„Не ја разгледуваме точката како заинтересирана комисија, туку како матична комисија, затоа не можеме поради оваа причина да ја прекинеме седницата“, рече Арбен Адеми, ДУИ.

Со 8 глаосви за пратениците ја изгалсаа потребата од донесување на законот кој допрва треба да оди на собрансика седница, а дури потоа да следува и амндаманската расправа.

Со новиот Закон се предвидува кога концентрациите на загаденост ќе бидат високи институциите да не чекаат препораки туку да имаат законска должност да реагираат.

Општините, институциите и бизнис претпријатијата ќе добијат насоки што ќе мора да направат за да се намали загадувањето. За алармантен ќе се смета надминувањето на прагот од 163 микрограми ПМ 10 честички во воздухот, два дена по ред. Во парламентот, денеска се разгледуваа уште три закони кои дојдоа од Министерството за екологија. Комисијата за транспорт, врски и екологија ја донесе потребата од носењето на Законите за контрола на емисии при користење бензини, за планински патеки и за заштита од бучава во животната средина.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button