РАКОМЕТСПОРТ

По оставката на Ангеловски, Шундовски ќе го води Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид и добива нов стратег.

Advertisements

Ангеловски оваа сезона не успеа да слави во ниту едно дерби, па реши да преземе одговорност за резултатите и си поднесе неотповиклива оставка по поразот во салата „Автокоманда“.

Клубот му се заблагодари на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година и му посака среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици на Ангеловски.

Од Еурофарм Пелистер информираат дека наскоро ќе биде именуван новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button