СПОРТФУДБАЛ

По поразот од Брест, Марсеј го отпушти Џенаро Гатузо

Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Олимпик од Марсеј. Според Фабрицио Романо, италијанецот и неговиот стручен штаб се официјално известени од раководството на клубот дека добиле отказ. Оваа вест се очекуваше по серијата лоши резултати и синоќешниот поразот од 1:0 во Брест.

Марсеј имаше амбиција да се пласира во Лигата на Шампионите преку домашното првенство, а Гатузо го остава тимот на деветто место во Лига 1 со 30 бода од 22 одиграни кола. Европскиот шампион од 1993 година веќе седум натпревари по ред нема победено никого. Марсеј е единственииот тим во Франција кој во 2024 година нема победа во Лига 1.

Се уште не е познато кој ќе биде наследникот на Гатузо и кој ќе го води тимот во четврток против Шахтјор, во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа на УЕФА.

Првата средба во Хамбург, на која Украинците беа номинални домаќини, заврши со резултат 2:2.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button