ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По речиси две децении, почна пописот на населението

Почна најголемата статистичка операција во земјата, пописот, кој не беше спроведен уште од 2002 година. Локалните попишувачи излегоа на терен во раните утрински часови. Се регистрираат граѓани, домаќинства и живеалишта. Директорот на Државниот завод за статистика вели дека досега не е регистриран проблем или одбивање на граѓаните да се попишат. Симовски рече дека се надева дека на ваков начин процесот ќе продолжи до крај.

Заменик директорот, Илми Селами вели дека попишувачите имаат должност да тропаат на врата неколку пати додека не се пријави секој граѓанин.

„Секој попишувач има обврска неколку пати да оди на врата кај граѓаните. Но, се надеваме дека ова нема да се случи. Сакаме вратата да се отвори на прв пат кога ќе чукнат на неа и да се спроведе процесот што не трае повеќе од 20 минути“, изјави Илми Селами, заменик, директор на ДЗС.

Граѓани апелираат овој процес да нема пречки.

Попишувачите се задоволни од пречекот и гарантираат почитување на мерките против ковид 19.

Пописот ќе трае до 30 септември. Покрај граѓаните резиденти, се регистрира и дијаспората. За време на пописот, ако граѓанинот не зборува јазик на локалниот попишувач, има право да побара попишувач кој зборува на ист јазик. Попишувачите трипати ќе тропнат на вратата на граѓанинот и ќе остават број за контакт, во случај да не се отвори вратата за реализација на статистичкиот процес. Државниот завод за статистика го известува Министерството за внатрешни работи додека оваа институција во согласност со Законот изрекува казни за сите членови на семејството. Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да бидат партнери во овој важен процес за државата, институциите и економијата на земјава. Последниот попис беше направен во 2002 година додека во 2011 година не успеа од самиот почеток. Првите резултати од пописот ќе бидат познати по четири месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button