СПОРТФУДБАЛ

По синоќешниот дебакл од Ливерпул, Анге Постекоглу е пред отказ?

Австралискот менаџер на клупата на Тотенхем, Анге Постекоглу е пред отказ од клубот по синоќешниот дебакл (4-0) на гостувањето против Ливерпул во полуфиналето од Лига купот на Англија.

Атмосферата во клубот, според информациите од Островот, е веќе тензична. И покрај тоа што раководството му дава поддршка и покрај лошите резултати, сепак, двомечот против Ливерпул во Лига купот беше показателот во која насока ќе се движат нештата меѓу двете страни.

Па, синоќешниот натпревар ги отворил дискусиите во клубот околу статусот на Постекоглу. Тотенхем немаше ниту еден удар во рамките на голот на домашните, што наиде на револт кај навивачите на клубот.

Ова никогаш не се случило откако Анге Постекоглу е на клупата.  Тотенхем моментално е на 14. место во Премиерлигата, а во последното коло против Брентфорд ја прекинаа серијата од четири едноподруго порази.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button