По трет пат е откажано судското рочиште за случајот со палењето на Модуларната болница во Тетово
По трет пат е откажано судското рочиште за случајот со палењето на Модуларната болница во Тетово
По трет пат е откажано судското рочиште за случајот со палењето на Модуларната болница во Тетово. За разлика од минатиот причината за денешното одложување беше поради отсуството на судијата Јордан Велковски. Следното рочиште е закажано за 15 јануари. По многуте одложувања реагираа членовите на семејството на настраданите, а реакција имаше и поранешниот директор на тетовската болница.
„Како што знаат сите граѓани на оваа држава, секое рочиште се откажува од залудни причини. Како членови на семејствата на жртвите, гледаме дека секое рочиште носи болка кај нас членовите на семејството, па затоа денешното рочиште беше откажана, бидејќи судијата беше опериран и рочиштето е одложено за 15 јануари. Како семејство го загубивме трпението во оваа земја. Преку вашиот медиум апелираме до судот во Тетово да биде посериозни за да се стави крај на оваа работа на модуларната болница. Многу е заморно, одложувањето на рочиштето за 15-ти јануари ни е многу заморно и физички и психички како семејство“, рече Мумин Исмаили, член на семејството.
„Се надевам дека овој процес ќе се финализира што е можно поскоро и дека одлуките на Апелациониот суд ќе бидат земени во предвид од судот. Не сум отсуствувал на ниту едно рочиште, навреме сум известен и јас и моите бранители“, рече Флорин Бесими- Поранешен директор на болницата./Алсат.мк