По уставните измени, ВМРО дел од Владата
Мнозинството бара од македонската опозиција да ги поддржи уставните измени затоа што се исполнети условите кои самиот Христијан Мицкоски ги побара.
Од СДСМ велат дека со оставката на министрите од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од учество во влада која би организирала предвремени избори. Пред тоа, опозицијата треба да гласа за уставните измени.
За ВМРО-ДПМНЕ ова е игра на власта за купување време до редовните избори. Според македонската опозиција, власта е свесна дека нема бројки за уставни измени и затоа манипулира со неосновани оставки и гаранции.
Оставките на министрите од ДУИ ќе останат во архивата на Владата додека Владата е на колективен одмор. Во образложенијата за оставките, пишува дека тие ќе стапат на сила по гласањето за уставните амандмани. Во Уставот, Законот за Влада и Деловникот на Собранието, условени оставки не се предвидени во ниту една одредба.
Адријан Керими